
Севилја ја запре победничката серија на Реал Мадрид (ВИДЕО)
Федерико Валверде по само четири минути ја затресе мрежата на екипата од Андалузија, но голот му беше поништен од ВАР-технологијата поради офсајд.
Севилја до водство стигна во 74. минута, кога Давид Алаба си постигна автогол, но радоста на домаќините траеше многу кратко бидејќи Дани Карвахал само четири минути подоцна погоди за 1-1.
„Кралевите“ остануваат на првата позиција со 25 бодови, односно три повеќе од второпласираната Жирона, додека Севилја е на 13. место со девет бода.
