Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Севернокорејскиот лидер повика на нуклеарни напади врз САД и Јужна Кореја „во секој момент“
Македонија

Севернокорејскиот лидер повика на нуклеарни напади врз САД и Јужна Кореја „во секој момент“

20/03/2023

AA

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ја повика својата земја да биде подготвена да изврши нуклеарни напади во секое време за да спречи војна, обвинувајќи ги САД и Јужна Кореја за проширување на заедничките воени вежби кои вклучуваат американско нуклеарно способно оружје, објави Ројтерс, цитирајќи Севернокорејската новинска агенција KCNA.

Изјавата на Ким ги придружуваше севернокорејските воени вежби во саботата и неделата. Според КЦНА, нивната цел била да развијат тактички способности за нуклеарен удар и воено одвраќање.

За време на вежбата беше истрелана балистичка ракета со имитација на нуклеарна боева глава. Ракетата поминала 800 километри и погодила цел на височина од 800 метри во тактичко сценарио за нуклеарен удар, пренесува КЦНА.

Јужна Кореја и Јапонија во неделата објавија лансирање на севернокорејска балистичка ракета со краток дострел од источниот брег на земјата. Тоа е најновото во серијата ракетни тестови во последните недели.

Северна Кореја остро реагираше на заедничките воени вежби меѓу Јужна Кореја и САД овој месец, опишувајќи ги како проба за инвазија против неа.

Во друго соопштение, КЦНА објави дека 1,4 милиони Севернокорејци доброволно се пријавиле да се приклучат или да се вратат во војската за да се борат против Сеул и Вашингтон. Само два дена претходно, бројот на волонтери наведени од државен весник изнесуваше 800 илјади.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy