
СЕВЕРНО КОСОВО: Непознати лица го запалиле знамето на Србија
Неколку лица го запалиле српското знаме во северниот дел на Косово.
Непознати лица го запалиле знамето на Србија во близина на кафеана во северниот дел на Косово, информира управата на полицијата во Приштина.
По прегледувањето на видеото, „забележано е дека покрај локалот поминале четири непознати лица и постои сомневање дека едно од нив го запалило знамето“, пренесе РТС.
Неодамна имаше инциденти на Косово. Двајца Срби се пожалија на напад во маркет.