Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Северна Македонија испраќа итна помош во Турција по катастрофалниот земјотрес
Македонија

Северна Македонија испраќа итна помош во Турција по катастрофалниот земјотрес

06/02/2023

AA

Владата на Република Северна Македонија попладнево одржа вонредна седница, со цел обезбедување итна помош за Република Турција, по катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата со големи човечки загуби, повредени граѓани, како и големи материјални штети.

Министерството за надворешни работи информираше дека има државјани од Северна Македонија во погодените подрачја во Турција, кои се наоѓаат на безбедни локации и меѓу кои нема жртви и повредени. Почесниот конзулат, според информацијата од Министерството за надворешни работи, има подготвено планови за сместување, брза медицинска помош и поддршка со храна и пијалаци за наши државјани, доколку за тоа се појави потреба.

Владата го задолжи Министерството за надворешни работи, преку дипломатско конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Република Турција (Анкара и Истанбул), да ги координира активностите за евакуација на државјаните на Република Северна Македонија од погодените подрачја.

Владата, на предлог на Министерството за надворешни работи, на денешната 126 седница, ги донесе следниве заклучоци:
Се задолжува Министерството за финансии да подготви и до Владата да достави одлука за одобрување на средства од резервите на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година, во износ од шест милиони денари за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес;
Се задолжуваат Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, во координација со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, итно да подготват и до Владата да достават соодветна одлука за испраќање на сили/тимови за заштита и спасување, коишто ќе се вклучат во погодените подрачја, како и одлука за испраќање хуманитарна помош за заштита и спасување во Република Турција;
Се задолжува Министерството за одбрана во рамките на своите надлежности итно да подготви и до Владата да достави одлука за обезбедување соодветна помош во персонал, опрема во вид на механизација, шатори, душеци, ќебиња, грејни тела и друг вид соодветна помош;
Се задолжува Министерството за здравство, во рамките на своите надлежности, итно да подготви и до Владата да достави одлука за обезбедување помош во вид на медицински персонал, медицинска опрема и лекови;
Се препорачува, Црвениот крст на Република Северна Македонија во рамките на своите законски надлежности и можности, во соработка со надлежните институции, да се вклучи во акцијата за обезбедување помош на настраданите, со испраќање тимови и друг вид хуманитарна помош, соодветна за вакви природни катастрофи;
Се задолжува Генералниот секретаријат на Владата во соработка со Министерството за надворешни работи, да преземе активности во насока на итно префрување на одобрените средства од Буџетот, како и да одржува редовна комуникација со Амбасадата на Република Турција во Република Северна Македонија, со цел спроведување на одлуката.
Владата, на предлог на Дирекцијата за заштита и спасување, донесе одлука во санирањето на последиците од земјотресот во Турција да се испратат 40 лица од Дирекцијата за заштита и спасување – припадници на републичките сили за заштита и спасување.

Од Дирекција за заштита и спасување се обезбедува и комплетна специјализирана опрема и материјално – текхнички средства за пребарување и спасување од урнатини, шест возила за транспорт на опремата и луѓето и две противпожарни возила.

Финансиските трошоци за оваа намена ќе се обезбедат од средства на Дирекцијата за заштита и спасување.

Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе одлука за испраќање хуманитарна помош за заштита и спасување во Република Турција и тоа 10.000 ќебиња и 200 санитетски носила.

Владата, исто така на предлог на Министерството за одбрана, донесе одлука за испраќање тим за заштита и спасување од Министерството за одбрана во Република Турција, за учество во давање помош на Република Турција.

Во санирањето на последиците од земјотрес, се испраќаат вкупно 24 лица припадници на Министерството за одбрана – Армија на Република Северна Македонија, од кои 22 лица од Баталјонот за специјални сили и две лица водачи на службени кучиња, со две кучиња, од Командата за обука и доктрини на Министерството за одбрана.

Финансиските трошоци за оваа намена ќе се обезбедат од сопствените средства на Министерството на одбрана.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Николоски од протестот на превозниците: Три решенија за избегнување економски

26/01/2026
Македонија

ДВАЈЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО РАДОВИШ ПОТПАЛИЛЕ АВТОБУС Подолго време бил паркиран

26/01/2026
Македонија

ФФМ: Собрание без кворум и без организатори – сериозен пропуст

26/01/2026
Македонија

Сведоштво на Тоше Трендафилов: „Црн чад, жештина и хаос –

26/01/2026
Македонија

„Сејф Сити“ пред Уставен суд – Села: Ги крши правата

26/01/2026
Македонија

СКОПЈАНЕЦ МУ ПРОДАЛ НА МИГРАНТ ОД КАМЕРУН ФРАНЦУСКА ЛИЧНА КАРТА

26/01/2026
Македонија

Малолетници предизвикале пожар на автобус во Радовиш

26/01/2026
Македонија

Сведоштво на Иван Данаилов: Малолетници, без фискални сметки и паника

26/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40630
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Николоски од протестот на превозниците: Три решенија за избегнување економски колапс по воведувањето на новиот

26/01/2026

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска, од протестот на превозниците, ги истакна последиците што би можеле да настапат

ДВАЈЦА МАЛОЛЕТНИЦИ ВО РАДОВИШ ПОТПАЛИЛЕ АВТОБУС Подолго време бил паркиран во училишниот двор

26/01/2026

Двајца малолетници синоќа во Радовиш со запалка запалиле автобус кој бил паркиран во дворот на ОУ „Крсте Петков Мисирков“, соопштија

ФФМ: Собрание без кворум и без организатори – сериозен пропуст во ОФС Кичево

26/01/2026

Вонредното изборно собрание на Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) Кичево, закажано за 23 јануари во Кнежино, не се одржа поради недоволен

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy