Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сестрите од манастирот во Рајчица и годинава изработија божиќни пештери
Македонија

Сестрите од манастирот во Рајчица и годинава изработија божиќни пештери

24/11/2023

AA

Божиќни пештери, кои ја внесуваат божиќната атмосфера во православните домови, и годинава изработија сестрите од манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во село Рајчица, кај Дебар.

-На барање на нашите богољубиви Христијани, а со благослов на нашиот старец, епископот Антаниски Партениј, и оваа година се потрудивме благонаклоно да одговориме на се поголемиот интерес и да изработиме пригодни Божиќни традиционални украси во вид на некогашната Витлеемска пештера, велат сестрите.

Додаваат дека тие се направени од различни прикладни материјали, автентично украсени и збогатени со иконата на Рождеството Христово и со кандило, и така даваат можност на сите заинтересирани да го надополнат божиќниот амбиент во својот дом во духот на нашата православна традиција.

Сестрите од Рајчица со голема љубов кон Бога, трпение и молитви за мир и благосостојба, изминатите петнаесетина години, имаат изработено стотици пештери, во различна големина, кои красат многу домови, цркви, но и простории на компании, фирми, институции.

-Кога Божественото дете скришум од светот се роди во скромна пештера за да ни ја донесе на сите радоста на спасението, треба и нашите домови да засветлат со достојно украшение за пречек на ова најсвето и најспасително за нас Рождество. Треба и ние самите, а и заедничкото семејно катче да го доловат смирениот лик на Витлеемската пештера, сведочејќи го на сите наоколу настанот што се случи пред повеќе од 2000 години во таа тивка божикна ноќ, нагласуваат сестрите.

божиќни пештери

Заинтересираните верници, кои сакаат да си ги украсат своите домови со рачно изработена божиќна пештера, посочуваат, може да нарачаат на следниов број: 075/ 245-791 кај сестра Филотеја, со желби божиќната радост да се всели во секој православен дом.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy