
СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО СЕ ВО ГРЦИЈА: Се јави и грчката метеоролошка служба
Септември е месец на одмори, а голем број Македонци заминуваат на одмор и во овој месец од годината.
Со оглед на тоа што веќе беше пласирано предупредување во македонските медиуми дека во Грција се можни поплави, сега и официјално се јави грчката метеоролошка служба, која предупредува на катастрофално лошо време во деновите што следат. Лошото време ќе се задржи до петок, откога повторно се очекува пораст на температурите.
Според предупредувањето, сите туристи кои се наоѓаат на туристичките места, се предупредуваат да ги паркираат своите возила на безбедни места, бидејќи речиси сите улички во периоди на такво време се претвораат во притоки на морето.

