
Серхи Роберто останува во Барса до лето 2024 година
Според последните информации, целата документација и договорот се подготвени и усогласени и само недостига потписот на фудбалерот за официјализација, која наскоро треба да се случи.
Тренерот Чави Ернандез побарал да му се продолжи договорот на Серхи Роберто и сега тоа барање е исполнето, па кормиларот на Каталонците ќе го има на располагање овој фудбалер и за идната сезона.