Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЕПАК НИКОЈ НЕ ИЗВАДИ СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА – пропадна берзанската аукција, немаше куповен налог за „Македонијатурист“
Економија

СЕПАК НИКОЈ НЕ ИЗВАДИ СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА – пропадна берзанската аукција, немаше куповен налог за „Македонијатурист“

17/07/2024

AA

Сепак никој не беше заинтересиран денеска да „одврзе“ од своето ќесе сума од над 7 милиони евра, за да купи безмалку 10 пропценти од најголемата хотелиерска компанија во земјава, „Македонијатурист“. 

Според информациите, на јавната берзанска аукција која се организираше денеска по моделот „се или ништо“, немало куповен налог за акциите на ова акционерско друштво, односно за „топтан“ купување на 44.449 акции на „Македонијатурист“, што е 9,83 отсто од капиталот, и тоа по почетна цена од 9.800 денари по акција. 

Тоа значи дека никој не бил подготвен да наддава за оваа далеку повисока цена од редовната што се нудеше за акциите на Македонијатурист, иако постоеше голем оптимизам дека аукцијата ќе биде успешна.

Дали за тоа своевиден предвесник беше денешниот пад на цената на акциите на компанијата на тргувањето на редовниот пазар, на 8.000 денари, односно за 2,77 отсто, откако пак вчера таа акција го доживеа максимално дозволениот раст од 10 отсто и искачувајќи се на 8.228 денари за акција. 

Фактор денеска објави дека денеска преку јавна берзанска аукција се нудеа близу 10 проценти, или прецизно 9,83 отсто од акциите на компаниите која важи за „златна кокошка“ за инвеститорската јавност, или поточно кажано „Македонијатурист“.

Ова значи дека за нецели 10 отсто од акциите на „Македонијатурист“ се бараа дури 7,1 милиони евра, што, пак, упатува дека оној што ќе сака одеднаш да дојде до колач од 10 отсто од акциите, ќе мора добро да ја „одврзе“ банкарската сметка, и за нив да искешира повеќе од седум милиони евра, што е навистина голема сума, и не ја има баш секој на своето конто.

Инаку, оваа јавна берзанска аукција се организираше на барање на една од членките на берзата, брокерската куќа Еурохаус.

Веројатно во пресрет на денешната продажба, вчера акцијата на „Македонијатурист“ доживеа голем пораст, па скокна на 8.228 денари за акција, откако претходното тргување беше на 11 јули годинава, кога цената беше 7.480 денари по акција. Пред околу десетина дена, пак, преку блок трансакција акции купи директорката Мирјана Таневска-Ефремова, по цена од 6.800 денари за акција, колку и што се продавале акциите на редовниот пазар на 5 јули. Почнувајќи од април годинава, кога во просек била нешто над 5.000 денари, цената на акциите на „Македонијатурист“ постојано одеше нагоре, за на 5 јули и на редовниот пазар акциите да се продаваат по 6.800 денари за акција. 

Постапка на јавна  берзанска аукција при моделот се или ништо предвидува дека на самиот ден на одржување на аукцијата, членката на Берзата –  застапник на продавачите на акциите, ги внесува продажните цени и количините за определени акции во БЕСТ системот. Аукцијата на акции се одвива во две фази и тоа: фаза на индикација на интерес, во траење од 5 минути;  фаза на наддавање, во траење од најмалку 5 минути, при што, доколку во последната минута не дојде до подобрување на најдобрата куповна цена (највисоката цена), се склучува трансакција. Во спротивно, доколку во текот на последната минута од 5-те минути наддавање дојде до промена на најдобрата куповна цена, наддавањето продолжува со нови 5 минути по истекот на претходните 5 минути. Доколку дојде до промена на најдобрата куповна цена во текот на последната минута од новите 5 минути, наддавањето продолжува за дополнителни 5 минути. Ваквиот начин на продолжување на наддавањето може да се случува најмногу во 10 интервали (10 пати по 5 минути). Доколку во текот на било кој интервал од по 5 минути не дојде до промена на најдобрата куповна цена во текот на последната минута од 5-те минути, БЕСТ системот склучува трансакција по последната најдобра куповна цена. Во случај на наддавање во 10 интервали, БЕСТ системот склучува трансакција по најдобрата куповна цена во десеттиот интервал. 

Состојбата на Централниот депозитар за хартии од вредност покажува дека над 5 отсто акции поседуваат неколкумина и тоа поранешниот долгогодишен директор Доне Таневски има 22,21 отсто, Соња Бибамовска има 11,27 отсто, а пензискиот фонд „Сава“ располага со 8,8 проценти од акциите. Самото АД поседува 10 отсто од акциите. 

Она што треба да се спомене е дека има многу помали акционери кои поседуваат под 5 отсто од компанијата. Па така, дури 41,52 отсто од акциите се во посед на 559 домашни физички лица, додека, пак, 5,86 отсто од акциите се во сопственост на 27 правни лица.

Доколку има интерес за нова јавна берзанска аукција, тоа значи дека на наредната ќе мора да се оди по пониска почетна цена, каков што бил случајот со претходна таква берзанска аукција. 

Со денешниот неуспех на аукцијата, останува фактот дека нема да дознаеме кој ги нудеше овие акции, односно дали тоа беше некој од поголемите, или некој од поситните акционери на најголемата хотелиерска компанија во земјава.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување тешко над

30/07/2026
Македонија

Возел 204 километри на час на автопатот кај Смоквица: Приведен

30/07/2026
Македонија

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања во јули

30/07/2026
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44753
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување тешко над 12,6 милиони денари

30/07/2026

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против две физички лица и едно правно лице

Возел 204 километри на час на автопатот кај Смоквица: Приведен 29-годишен гевгеличанец

30/07/2026

Дваесет и деветгодишен жител на Гевгелија е лишен од слобода откако полициски службеници го затекнале како вози со 204 километри

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања во јули

30/07/2026

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) во текот на јули исплатил вкупно 560,9 милиони денари за надоместоци по основ на привремена

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy