
СЕММ ја прифати како основана жалбата на Фисник Саити за 4Њуз.мк
Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), на седницата одржана на 09.01.2024 година, врз основа на примена жалбa од Фисник Саити ja донесе следнaва:
ОДЛУКА
ЖАЛБАТА Е ОСНОВАНА
Текстот со наслов ВИДЕО: Курти ги поддржа српските студенти во протестите“, објавен на онлајн медиумот „4Њуз.мк“ (4News.mk), на 13.12.2024 година, отстапува од професионалните и етичките стандарди при известувањето.
ЖАЛБА
Жалителот, Фисник Саити на 13.12.2024 г. до СЕММ упати жалба за текстот со наслов „ВИДЕО: Курти ги поддржа српските студенти во протестите“, објавен на онлајн медиумот „4Њуз.мк“ (4News.mk), на 13.12.2024 г., при што се жали по повеќе основи како што се: неточно и нефер известување, говор на омраза, дискриминација, мешање на факти и мислења со коментар и пристрасност и неурамнотеженост во информирањето.
Саити во жалбата оценува и дека станува збор за намерно информирање за Косово како привремена институција „поддржувајќи ја деструктивната политика од северниот сосед! “.
Во жалбата во прилог е доставена и целата содржина во пдф формат (компјутерски скриншот од текстот и линкот од објавата).
ОДГОВОР НА МЕДИУМОТ
Извршната канцеларија на СЕММ, во согласност со востановената процедура (членот 14 од Правилникот за работа на Комисијата за жалби), по приемот стапи во контакт со медиумот и побара да се изјасни по однос на наводите на жалбата. Притоа, го потсети медиумот и на можноста случајот да се реши по пат на медијација, пред да биде разгледуван од членовите на Комисијата за жалби. На медиумот детално му беа појаснети наводите на жалителот и основите по кои смета дека е постапено непрофесионално при известувањето.
До СЕММ во предвидениот рок не беше доставен одговор од медиумот.
ОДЛУКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЖАЛБИ
Комисијата за жалби утврди дека текстот со наслов „ВИДЕО: Курти ги поддржа српските студенти во протестите“, објавен на онлајн медиумот „4Њуз.мк“ (4News.mk), на 13.12.2024 година, отстапува од професионалните и етичките стандарди при известувањето, при што е прекршен член 1 од Кодексот на новинарите на Македонија.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ НА ОДЛУКАТА
Комисијата ги разгледа фактите поврзани со случајот и утврди дека станува збор за текст кој третира прашање што е и од регионален јавен интерес, односно прашање поврзано со ставот на премиерот на Косово во врска со студентските протести во Србија.
Комисијата прво констатираше дека текстот по својата форма е вест која освен во начинот на ословување на Косово, не е спорна од етички аспект.
