
Семејството на Стивен Ивановски, кој загина во пожарот во барот „Констеласион“ во Кран-Монтана, Швајцарија, бара донации за да ги покрие погребалните трошоци
Во Кран-Монтана, Швајцарија, младото момче Стивен Ивановски го загуби својот живот во пожар што се случи додека беше со својата сестра. За среќа, сестрата успеа да преживее, но семејството остана длабоко потресено од оваа трагична и неразбирлива загуба.
„Таа ноќ, судбината удри со незамислива сила. Стивен зад себе остави семејство скршено од болка, засекогаш обележано од оваа брутална загуба. Животот му беше прекинат премногу рано, оставајќи неизбришлива празнина,“ соопштија роднините.
Семејството отвори трансакциски сметки за да им се помогне да се справат со погребните трошоци и да им се обезбеди финансиска поддршка во овој тежок период на жалост.
За донации во Македонија:
Жиро сметка: 300057104118092, Комерцијална банка
Цел на дознака: Донација за Стивен Ивановски
Шифра на плаќање: 562 – уплати за донации
За донации од странство:
IBAN: MK07300307065362360
SWIFT: KOMSMK2X
„Секој гест, колку и да е скромен, претставува драгоцена поддршка за семејството на Стивен. Ви благодариме за него. Почивај во мир, Стивен,“ додаваат роднините.
