Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЕМЕЈСТВОТО КЕЦМАНОВИЌ ЈАВНО ПРОГОВОРИ: На тој 3 мај завладеа вечна тишина во која секој ден плачеме
Регион

СЕМЕЈСТВОТО КЕЦМАНОВИЌ ЈАВНО ПРОГОВОРИ: На тој 3 мај завладеа вечна тишина во која секој ден плачеме

25/05/2023

AA

Семејството на момчето кое изврши масакр во белградско училиште на 3 мај проговори јавно. 

М.К и В.К., таткото и мајката на 13-годишниот Коста кој уби 9 ученици и чуварот во  српското училиште „Владислав Рибникар“, првпат јавно проговорија.

„На тој 3 мај завладеа вечна тишина во која секој ден плачеме од неизлечива болка и тага за секое невино дете кое загина и за Драган кој со толку љубов се грижеше за децата. Длабоко и најискрено жалиме и испраќаме наше сочувство до секое семејство за нивната загуба, што е и наша загуба. Засекогаш во тага, семејството Кечмановиќ“, велат тие. 

Мајката е сослушана вчера во белградската полиција, а како што дознава „Телеграф“ разговарот траел со часови. Со неа била и адвокатка Ирина Боровиќ.

„Мајката беше сослушана како граѓанин. Таа зборуваше со часови. Не е обвинета за никакви кривични дела. Таа кажа се’ што и беше побарано, одговараше на сите прашања. Нејзината цел, како и сите други, е да го реши ова, да да се види што бил проблемот и да се најде најдоброто решение за целата оваа ситуација. Што се однесува до приказната дека К.К е дете на разведени родители, тоа не е вистина. Таткото и мајката живеат заедно цело време, тие не се разделени и, како што рече мајката, тоа било хармонично семејство кое соодветно се грижело за своето дете.Исто така изјавила дека никој не можел да претпостави дека К.К., ќе го стори делото за кое е осомничен“, кажал за „Телеграф“ извор од истрагата.

Првото основно јавно обвинителство во Белград утврдува дали мајката на момчето  сторила кривично дело запуштање и малтретирање малолетно лице.

Обвинителството во понеделникот испрати барање до Полициската управа за град Белград за прибирање на потребните информации, со наредба да биде сослушана мајката, како и разговор со педагогот и психологот вработен во ОУ „Владислав Рибникар“.

На Градскиот центар за социјална работа му е наложено да изврши дијагностичка проценка на функционирањето на семејството на малолетниот К.К и за ова да поднесе пријава до обвинителството.

Таткото е во притвор за тешко дело против општата безбедност. Тој е сослушан во Вишото јавно обвинителство и го негираше делото.

Oд родителите на другите деца имаше реакции дека училиштето треба да се урне или учебната година да заврши. 

Родителите велат дека уште се под стрес од настанот. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy