
Семејна драма во Кавадарци: И поставил ГПС локатор во возилото – ја истепал и ѝ се заканувал со остар предмет!
Каадарчанка пријавила во полиција дека нејзиниот сопруг, М.Б., физички ја нападнал, се заканувал со остар предмет и поставил ГПС локатор во нејзиното возило, соопшти полицијата.
Локаторот е одземен, а на М.Б. му е изречена мерка – забрана за приближување кон пријавителката.
„Во ОВР Кавадарци денеска беше извршен службен разговор со М.Б., 35-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава од неговата 36-годишна сопруга, која тврди дека во семејниот дом била физички нападната, со остар предмет ѝ се заканувал, и дека во нејзиното возило поставил ГПС локатор“, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.