
Селта му даде ултиматум на Наполи – до петок да го земат Веига или сѐ пропаѓа!
Уште во минатата недела беше објавено дека Наполи и Селта после повеќе од еден месец преговори си подале рака за младинскиот шпански репрезентативец и галицискиот клуб треба да добие 30 милиони евра за трансферот плус пет милиони во бонуси.
Но, иако и тренерот Рафаел Бенитез пред викендов објави дека трансферот е готов, до реализација не дојде поради „некои разлики на релација Веига – Наполи“, па преговорите за личните услови во меѓувреме почнаа од почеток.
Поради ова, сега Селта му даде рок на Наполи да го заврши трансферот до петок, за да имаат доволно време со парите и тие да изреагираат на трансфер-пазарот, зашто до крајот на преодниот рок има десетина дена.

