
Селекторот Милевски ги построи неговите пулени (ФОТОГАЛЕРИЈА)
По пладневниот собир, фудбалерите со селекторот Благоја Милевски се упатија кон комплексот „Петар Милошевски“ и таму ги почнаа подготовките за октомвриските натпревари. Атмосферата во репрезентацијата е одлична, во Скопје ќе се тренира во следните три дена, а в четврток попладне експедицијата патува за Чешка.
Натпреварот против Украина се игра в сабота од 15 часот во Прага, а три дена подоцна во Струмица го пречекуваме Азербејџан.
