Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Села бара конкретни мерки за употребата на албанскиот јазик и оставка од министерот за правда
Македонија

Села бара конкретни мерки за употребата на албанскиот јазик и оставка од министерот за правда

08/02/2026

AA

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, оцени дека изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за правото на полагање на правосудниот испит на албански јазик претставува признавање на, како што вели, факти што досега биле негирани или релативизирани од поединци во власта. Според него, покрај јавните ставови, неопходни се и конкретни институционални чекори.

Села посочува дека младите албански правници имаат право испитот да го полагаат на албански јазик и дека за, како што наведува, досегашното оневозможување на тоа право треба да се утврди одговорност. Тој смета дека министерот за правда треба да биде разрешен, обвинувајќи го за прекршување на законите и Уставот.

Воедно, Села повторува дека со измените на Законот за употреба на јазиците од 2018 година, албанскиот јазик е службен јазик на целата територија на државата и на централно ниво, потсетувајќи дека тие измени биле услов на Алијансата за Албанците за учество во тогашната Влада.

Од партијата оценуваат дека само изјава на премиерот не е доволна и бараат усогласување на сите закони и подзаконски акти со Законот за употреба на јазиците и соодветните уставни одредби. Во спротивно, според Села, денешните ставови на Владата би можеле да се толкуваат како политичка порака без реални промени во институционалната практика.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy