Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Секое дете заслужува да биде заштитено од системот“
Македонија

„Секое дете заслужува да биде заштитено од системот“

28/04/2023

AA

Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со претставничката на УНИЦЕФ Патриција Ди Џовани и Олимпија Марковска, офицер за детска заштита.

На средбата, како што информира Министерството за правда, се разговараше за унапредување на правата на децата, нивната заштита и Стратегијата за заштита на детско престапништво.

Осврнувајќи се на правата на децата, министерот за правда Кренар Лога рече дека правдата за децата спаѓа во врвните приоритети за Република Северна Македонија којашто ја има ратификувано Конвенцијата за правата на децата и вложува напори да ги оствари нивните права на системски и сеопфатен начин и тоа како на стратешко, така и на законско и стручно ниво.

– Секое дете заслужува да биде на соодветен начин заштитено во системот. Секое дете заслужува неговите потреби да бидат приоритет за институциите и да биде поштедено од какво било однесување коешто води кон некаков облик на дискриминација и маргинализација. Министерството за правда работи на нов Закон за правда на децата, со цел надоградување и остварување на најдобриот интерес на детето, како и зајакнување на механизмите за превенција на детското престапништво, се вели во соопштението.

Од Министерството за правда наведуваат дека соработката со УНЦЕФ ќе продолжи и наредниот период.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсена снаа од Кавадарци, и се заканувала на свекрвата!

04/08/2026
Македонија

Сосед истепал сосетка во скопски Петровец

04/08/2026
Македонија

Временска прогноза за следните 14 дена: Не очекува топол бран

04/08/2026
Македонија

ЦУК: Регистрирани 14 пожари на отворен простор — активен само

04/08/2026
Македонија

44 акциски контроли за санкционирање на незаконит риболов во јуни

04/08/2026
Македонија

Водата во Гостивар сѐ уште е само за техничка употреба:

04/08/2026
Македонија

Велес се прости од д-р Никола Стојановски: Со државни почести

04/08/2026
Македонија

Доенчиња помлади од шест месеци не треба да се мачкаат

04/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44854
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уапсена снаа од Кавадарци, и се заканувала на свекрвата!

04/08/2026

На 03.08.2026 во 22:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиja од слобода Д.П.(41) од Кавадарци, постапувајќи по претходна

Сосед истепал сосетка во скопски Петровец

04/08/2026

На 04.08.2026 во 07:10 часот во СВР Скопје, К.К.(60) пријави дека била физички нападната од нејзиниот сосед Б.Ј.(64), двајцата од

Временска прогноза за следните 14 дена: Не очекува топол бран со температури до 38 степени

04/08/2026

Во текот на следните две недели не очекува стабилно, сончево и исклучително топло време, со високи дневни и тропски ноќни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy