Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЕКОЈ ТРГОВЕЦ КОЈ ВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ДОБАВУВАЧ, ГО УЦЕНУВА И ДИКТИРА УСЛОВИ, РИЗИКУВА САНКЦИИ – се огласи КЗК: Да се почитува Законот за забрана на нефер трговски практики
Економија

СЕКОЈ ТРГОВЕЦ КОЈ ВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ДОБАВУВАЧ, ГО УЦЕНУВА И ДИКТИРА УСЛОВИ, РИЗИКУВА САНКЦИИ – се огласи КЗК: Да се почитува Законот за забрана на нефер трговски практики

23/04/2025

AA

Комисијата
за заштита на конкуренцијата (КЗК) упатува јавно предупредување и повик до сите
големи трговски синџири, супермаркети, добавувачи и дистрибутери да постапуваат
строго согласно Законот за забрана на нефер трговски практики („Службен весник
на РСМ бр. 66/24“), со цел да се обезбеди фер,
транспарентен и законски пазар во интерес на економијата, производителите и
потрошувачите.

Комисијата
потсетува дека законот забранува злоупотреба на значителна пазарна моќ,
вклучувајќи еднострани промени на договори, неосновани одложувања на плаќања,
принудно враќање на производи, наметнати трошоци и други условувања кои ја
нарушуваат рамноправната позиција на учесниците на пазарот. Секој трговец кој
врши притисок врз добавувач, го уценува или диктира услови надвор од законскиот
и договорниот основ, е предмет на прекршочна постапка и ризикува сериозни
санкции.

„Законот е
јасен – фер трговија не е опција, туку обврска. Ние не се бориме против
бизнисот, туку против неправдата. Онаму каде што се наоѓа злоупотреба,
Комисијата ќе постапува. Но, целта не е репресија, туку воспоставување култура
на фер пазарна игра“, изјави претседателката на КЗК, Малинка Силјановска Николиќ. Таа повика на одговорност,
саморегулација и конструктивна соработка, потенцирајќи дека најсилната
економија е онаа во која сите играат според истите правила.

„Комисијата
не е непријател на бизнисот, туку чувар на правилата. Односите меѓу трговците и
добавувачите мора да бидат базирани на рамноправност, предвидливост и договор,
а не на притисок, уцени и неформални условувања. Само на тој начин може да се
создаде стабилен пазар на кој сите имаат еднаква шанса да успеат“, додаде Николиќ.

Комисијата
ги охрабрува сите економски субјекти кои се чувствуваат изложени на нефер
услови или притисоци, да поднесат пријава. Истите ќе бидат третирани со
сериозност, професионалност и целосна заштита на идентитетот. Законот е на
нивна страна – а Комисијата е тука за да обезбеди да се спроведе.

Во периодот што следува, КЗК ќе
продолжи со:

• 
Проактивен
мониторинг на трговските синџири и поголем број теренски контроли;

• 
Отворен
дијалог со добавувачи и комори
за
препознавање на нефер практики;

• 
Правна
заштита и постапки
против
компании кои систематски го нарушуваат законот;

• 
Едукација на
економските субјекти преку јавно достапни упатства, анализи и препораки.

Ова е повик
за избор: ќе бидеме пазар во кој доминираат договори зад затворени врати, или
систем во кој важи принципот на фер шанса за секого. Комисијата избира
транспарентност, законитост и доверба. Очекуваме истото и од сите учесници во
трговијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy