Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Секој трет граѓанин размислува за иселување од Македонија
Македонија

Секој трет граѓанин размислува за иселување од Македонија

17/02/2025

AA

Секој трет граѓанин, односно 35,2 проценти, размислува за иселување од Македонија, покажува најновото истражување на јавното мислење спроведено од Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) за емисијата „Детектор“.

Според резултатите, најголема желба за заминување имаат граѓаните на возраст од 30 до 50 години со високо образование, при што секој втор од оваа категорија размислува да ја бара својата среќа надвор од државата.

Клучните причини за иселување се ниските плати, што го посочиле 15,9 проценти од испитаниците. По нив следат подобрите можности за децата, подобриот здравствен систем, поквалитетното образование и инфраструктурата.

Што се однесува до дестинациите, најпосакувана земја за иселување е Германија, која ја избрале 11,8 проценти од анкетираните. Следуваат Швајцарија со 6,9 проценти и Словенија со 5,2 проценти, додека скандинавските земји и САД се избор на нешто повеќе од три проценти од граѓаните.

Дека со сигурност ќе ја напуштат државата во следните пет години изјавиле 10 проценти од испитаниците.

Анкетата исто така покажува дека 64,9 проценти од граѓаните имаат блиски кои веќе се преселиле во странство, додека 70 проценти сметаат дека степенот на иселување се зголемува во однос на пред пет години.

Истражувањето за „Детектор“ го спроведе ИПИС преку телефонска анкета во периодот од 24 до 26 јануари оваа година, на репрезентативен примерок од 1033 испитаници од целата држава.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче рече дека Киро Глигоров не е доволно вреднуван во

03/09/2026
Македонија

Македонија за првпат испрати полициски хеликоптер да гасне пожар во

03/09/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Покрај новите камиони, пристигнуваат и повеќе од 3.300 нови

03/09/2026
Македонија

Чад над Скопје: Има пожар кај село Грачани, гори шума

03/09/2026
Македонија

Синиша Стојаноски нов директор на ГОБ „8 Септември“

03/09/2026
Македонија

Седми смртен случај од Западнонилска треска во Македонија

03/09/2026
Македонија

Силно невреме со дожд, грмежи и град погоди делови од

03/09/2026
Македонија

Становите на Груевски поевтини за 200.000 евра, државата повторно ги

03/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45439
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче рече дека Киро Глигоров не е доволно вреднуван во овие 35 години независност од

03/09/2026

Киро Глигоров не е доволно вреднуван за неговата историска улога во создавањето и зачувувањето на независна Македонија, оцени лидерот на

Македонија за првпат испрати полициски хеликоптер да гасне пожар во Косово

03/09/2026

По барање на Република Косово, Република Северна Македонија за првпат ангажира државни ресурси надвор од својата територија, во рамки на

Ѓорѓиевски: Покрај новите камиони, пристигнуваат и повеќе од 3.300 нови контејнери

03/09/2026

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа најави дека, покрај новите камиони за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy