Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Секој трет граѓанин размислува за иселување од Македонија
Македонија

Секој трет граѓанин размислува за иселување од Македонија

17/02/2025

AA

Секој трет граѓанин, односно 35,2 проценти, размислува за иселување од Македонија, покажува најновото истражување на јавното мислење спроведено од Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) за емисијата „Детектор“.

Според резултатите, најголема желба за заминување имаат граѓаните на возраст од 30 до 50 години со високо образование, при што секој втор од оваа категорија размислува да ја бара својата среќа надвор од државата.

Клучните причини за иселување се ниските плати, што го посочиле 15,9 проценти од испитаниците. По нив следат подобрите можности за децата, подобриот здравствен систем, поквалитетното образование и инфраструктурата.

Што се однесува до дестинациите, најпосакувана земја за иселување е Германија, која ја избрале 11,8 проценти од анкетираните. Следуваат Швајцарија со 6,9 проценти и Словенија со 5,2 проценти, додека скандинавските земји и САД се избор на нешто повеќе од три проценти од граѓаните.

Дека со сигурност ќе ја напуштат државата во следните пет години изјавиле 10 проценти од испитаниците.

Анкетата исто така покажува дека 64,9 проценти од граѓаните имаат блиски кои веќе се преселиле во странство, додека 70 проценти сметаат дека степенот на иселување се зголемува во однос на пред пет години.

Истражувањето за „Детектор“ го спроведе ИПИС преку телефонска анкета во периодот од 24 до 26 јануари оваа година, на репрезентативен примерок од 1033 испитаници од целата држава.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИДЕО „За вас е обичен човек, за нас монструм“: Таткото

26/01/2026
Македонија

МВР: Најавен протест на граничните премини – товарниот сообраќај ќе

26/01/2026
Македонија

ГО БОДЕЛА СО КУЈНСКИ НОЖ, ГО ГРЕБЕЛА СО НОКТИ Пијана

26/01/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ВО ЖОЛТА И ВО ПОРТОКАЛОВА ФАЗА Врнежите носат голем

26/01/2026
Македонија

ЌЕ СВЕДОЧАТ ПЕТМИНА ОШТЕТЕНИ ВО ПОЖАРОТ ВО ДИСКОТЕКАТА „ПУЛС“ Продолжува

26/01/2026
Македонија

Таравари удира по „Безбеден град“: Се крши Законот за јазици,

25/01/2026
Македонија

Тотална блокада од утре напладне: 370 камиони ги затвораат сите

25/01/2026
Македонија

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ДОЖД И СНЕГ Циклон носи обилни врнежи,

25/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40611
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИДЕО „За вас е обичен човек, за нас монструм“: Таткото на загинатата Надица во „Пулс“

26/01/2026

Александар Наунов, родител на Надица Наунова загината во трагедијата во „Пулс“, упати остра јавна реакција до адвокатката Коцевска. Во своето

МВР: Најавен протест на граничните премини – товарниот сообраќај ќе биде ограничен

26/01/2026

Министерството за внатрешни работи – Оддел за гранични работи и миграција ја информира јавноста дека до Министерството за внатрешни работи

ГО БОДЕЛА СО КУЈНСКИ НОЖ, ГО ГРЕБЕЛА СО НОКТИ Пијана Хрватка го оскатила сопругот кавадарчанец

26/01/2026

Основното јавно обвинителство Кавадарци покрена постапка против 30-годишна државјанка на Република Хрватска, со привремен престој во Кавадарци, осомничена за кривично

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy