Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сега е дефинитивно: ЕУ забранува продажбата на нови автомобили на бензин и дизел, еве од кога
Економија

Сега е дефинитивно: ЕУ забранува продажбата на нови автомобили на бензин и дизел, еве од кога

14/02/2023

AA

Европскиот парламент вчера даде конечно одобрение за задолжителна имплементација на стапките на нулта емисија за нови автомобили и комбиња од 2035 година. Ова значи дека за 12 години, нови автомобили на бензин и дизел повеќе нема да се продаваат.

Новите стандарди за емисија на CO2 за автомобили и комбиња се дел од правниот пакет „Подготвени за 55“, а беа поддржани со 340 гласа „за“, 279 „против“ и 21 воздржан. Регулативата беше поддржана од претставници на социјалдемократите, зелените и либералите.

„Оваа регулатива го поттикнува производството на возила со нула и ниски емисии (…) Овие цели обезбедуваат јасност на автомобилската индустрија и ги поттикнуваат производителите на автомобили да иновираат и инвестираат. На потрошувачите ќе им биде подостапно да купуваат и користат возила со нула емисија на штетни гасови, а пазарот за користени возила ќе се развива побрзо. На овој начин, одржливиот транспорт ќе стане достапен за сите“, рече новинарот на Либералниот клуб Јан Хуитема.

За 12 години повеќе нема да може да се продаваат нови дизел и бензински мотори, туку само нови возила со нула штетни емисии. Преодните цели за намалување на штетните емисии за 2030 година се 55 отсто за автомобили и 50 отсто за лесни комерцијални возила.

Во пракса, тоа значи дека новите автомобили и комбиња на пазарот повеќе нема да смеат да испуштаат CO2, но автомобилите со мотори со внатрешно согорување нема да исчезнат од патиштата.

И по 2035 година, граѓаните и понатаму ќе можат да ги возат своите постоечки автомобили со мотори со внатрешно согорување, па дури и да купуваат користени автомобили на бензин и дизел.

По конечното гласање на пленарната сесија на Европскиот парламент, текстот сè уште треба формално да биде одобрен од Советот пред да биде објавен во Службениот весник на ЕУ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вкупно 21 пожар низ Македонија, се уште активни во Крива

02/08/2026
Македонија

Сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид: Четири лица повредени, од кои

02/08/2026
Македонија

Дете од Берово испило капсула за перење алишта

02/08/2026
Македонија

Семеен инцидент во Охрид: Физички ја нападнал сопругата откако таа

02/08/2026
Македонија

Разбојништво на плоштадот во Охрид: Со остар предмет нападнати тинејџери

02/08/2026
Македонија

Тошковски: Да ја чуваме слободата, да ја јакнеме државата и

02/08/2026
Македонија

Се скарале за паркинг во Охрид, па му вперил пиштол

02/08/2026
Македонија

Ахмети со честитка за Илинден: Слободата се гради врз еднаквост,

02/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44812
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вкупно 21 пожар низ Македонија, се уште активни во Крива Паланка и Долнени

02/08/2026

Центар за управување со кризи: Состојба со пожарите на отворен простор до 18:00 часот На ден 02.08.2026 година, до 18:00

Сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид: Четири лица повредени, од кои двајца тешко

02/08/2026

На 01.08.2026 во 09:15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Кичево- Охрид, кај клучката за кичевското

Дете од Берово испило капсула за перење алишта

02/08/2026

На 01.08.2026 во 20:30 часот во ОВР Берово, од Итната медицинска помош Берово било пријавено дека кај нив било донесено

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy