Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Седумдесет и осумгодишниот планинар Стојанче Костовски викендов се искачи на Олимп
Македонија

Седумдесет и осумгодишниот планинар Стојанче Костовски викендов се искачи на Олимп

09/06/2025

AA

Седумдесет и осумгодишниот активен планинар, Стојанче Костовски од Крива Паланка, долгогодишен планинарски водич, викендов се искачи на врвот Митикас, на надморска височина од 2917 метри, на „планината на боговите” Олимп.
Искачувањето се реализирше во соработка со планинарскиот клуб „Хајкинг” од Скопје, заедно со 36-члена екипа планинари.

– Задоволен сум што со успех го искачивме врвот Митикас, поминувајќи 21километар од стартот до врвот. Ѝ благодарам на мајка природа што ни даде прекрасен сончев ден и ни дозволи за да ја реализираме со успех дадената задача, една од потешките акции во планинарството. На патеката имаше и остатоци од снег, но сепак, временските услови беа идеални и сите 36 учесници се искачија на врвот. Јас бев најстар со своите полни 78 години, а ова ми беше трето искачување, рече Костовски.

Тој посочи дека првпат на Олимп се искачил во 1990 година, кога водел 10 члена од Планинарското спортско друштво „Руен” од Крива Паланка.

-За последните три години веќе два пати успешно се имам искачено на „Планината на боговите”. Младите секогаш беа покрај мене и на нив им пренесував дел од моето долгогодишно искуство. За мене тоа беше големо задоволство, рече Костовски.

Тој со активно спортско планинарење се занимава од 1987 година, од кога е член на планинарско друштво „Руен” Крива Паланка.

–  Од првиот ден ја прифатив улогата како водич и сѐ до напуштањето на друштвото пред 15 години, од кога сум активен член на планинарско – спортски клуб „Калин Камен”. Бидејќи новото друштво немаше водич, јас ја прифатив таа улога за да може друштвото да се регистрира и до денес сум водич. Пред неколку години друштвото доби лиценциран водич. Јас сега сум помошник на Тасевски Соцко. Меѓутоа се случува планинарски друштва да ме бараат за да ги водам по Осоговските планини. Последна група планинари ми беа гости од Сомбор и Куманово, планинаревме  во зимски услови од езерце преку Калин Камен,  1884 метри, Царев врв –   2085 метри надморска височина, Сокол 1917, до Руен 2252, надморска височина, а моето долгогодишно искуство секогаш се обидувам да го пренесам на помладите, додава Костовски.

Тој го презентираше 40- годишното планинарско искуство преку книгата „40 години активно планинарење”.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy