
Седум повредени од трагедијата во Кочани сè уште се лекуваат во земјава, 64 остануваат на третман во странство
Во домашните болници во земјава и понатаму се лекуваат седум лица повредени во трагедијата во Кочани, информираат здравствените власти. Од нив, четворица се хоспитализирани на Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“, еден пациент е згрижен на Клиниката за токсикологија, а двајца се во приватната болница „Систина“.
Во странство, на лекување и рехабилитација остануваат вкупно 64 пациенти. Според најавите, денеска се очекува четворица пациенти да се вратат во земјава од болницата „Пирогов“ во Република Бугарија.
Во тек е процес на категоризација на сите повредени според нивните здравствени потреби, со цел да се обезбеди соодветен понатамошен третман и рехабилитација.