
Седум активни пожари во Македонија – четири под контрола, пет изгаснати
На 21.07.2025 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 16 пожари на отворен простор, информираат од ЦУК.
7 се активни,
4 се под контрола,
5 се изгаснати.
АКТИВНИ ПОЖАРИ:
Општини Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, кај Готен планина и Малешевски Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)
Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и ниска вегетација)
Општина Македонски Брод – помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
Општина Ресен – с. Шурленци и с. Езерани (трска и ниска вегетација)
Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума)
Општина Прилеп – с. Штавица, со ширење кон селата Чумово, Волково и Прилепец (ниска вегетација и деградирана шума)
Општина Шуто Оризари – ул. Брсњачка Буна (ниска вегетација)
ПОЖАРИ ПОД КОНТРОЛА:
Општина Дојран – с. Николиќ (мешана шума)
Општина Велес – меѓу селата Џидимирци, Крушје и Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума)