Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Седница на Националниот совет за дигитална трансформација за новите стратегии за ИКТ и кибер безбедност
Македонија

Седница на Националниот совет за дигитална трансформација за новите стратегии за ИКТ и кибер безбедност

22/01/2024

AA

На денешната седница на Националниот совет за дигитална трансформација на општеството, со која претседаваше заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, се разгледуваше предлог текстот на новите национални стратегии за ИКТ и за кибер безбедност.

Вицепремиерката Грковска истакна дека Владата го усвои Патоказот за дигитална трансформација, кој се однесува на целите кои треба да ги исполниме како држава на краток, среден и долг рок, а кој се заснова на Концептот за дигитална трансформација од кој понатаму треба да произлегуваат сите стратегии, закони и документи поврзани со овој процес.

Стратешките цели содржани во предложената Национална стратегија за кибер безбедност до 2027 година се поделени на пет столбови: јасна и робусна структура за управување со кибер безбедноста, безбедност и отпорност на суштински и важни субјекти, мрежи и информациски и комуникациски системи, општество отпорно на закони, минимизирање на влијанието на инцидентите во кибер просторот и национална и меѓународна соработка.

Во однос на предлог – Националната ИКТ стратегија до 2030 година, таа има за цел да постави основа за дигитализација на општеството која директно ќе влијае врз квалитетот на животот на граѓаните, а државата да се позиционира како најдобра во Западен Балкан според Индексот за дигитална економија и општество (DESI).

Предлог стратегиите ги презентираа претставници на Министерството за информатичко општество и администрација, кои учествуваа во нивната изработка, а членовите на Националниот совет за дигитална трансформација дадоа свои сугестии и предлози. Членовите дополнително ќе ги достават и своите писмени забелешки, кои ќе бидат земени предвид при финализација на стратегиите, а со цел да се подобри текстот, имајќи предвид дека станува збор за сериозни стратешки документи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy