Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Седница на Комисијата за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија
Економија

Седница на Комисијата за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија

27/12/2024

AA

Седница на
Комисијата за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија. На
седницата присуствуваа членовите на Косијата од Министерството за енергетика,
Регулаторната комисија за енергетика, како и претставници од енергетските
компании како АД ЕСМ, МЕМО ДООЕЛ Скопје, ЕСМ Енергетика, ЕВН ХОМЕ ДООЕЛ и ТЕ-ТО
АД Скопје.

На седницата беа
разгледани повеќе теми од значење за електроенергетскиот сектор, со посебен
акцент на моменталната состојба на снабдувањето со електрична енергија во
земјата. Членовите на Комисијата беа информирани за проблемите со
термоелектраните, особено во РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј. РЕК Битола моментално
работи со два блока, со просечна потрошувачка на јаглен од 12.500 t на дневно
ниво. Во ТЕЦ Осломеј има недостиг од квалитетен јаглен. Како резултат на
работата на претходното раководство и користењето на јаглен со лош квалитет
направен е прекин на работата на овој производствен капацитет. Поради тоа, за
ТЕЦ Осломеј е објавен оглас за набавка на 400.000 тони јаглен, кои треба да
пристигнат на депонија за да може да се стартува со работа.

Покрај тоа, беше
претставена и актуелната состојба на хидроакумулациите, кои се на ниво од 10%
на капацитет, што е значително под повеќегодишниот просек за овој период од
годината. Ваквата состојба, заедно со можните исклучувања во термоелектраните,
предизвикува сериозна загриженост за стабилноста на електричната мрежа во
земјата, особено во зимскиот период, кога се очекува поголема потрошувачка на
енергија.

Ситуацијата во
југозападниот дел на земјата внимателно се анализира и набљудува, каде што
постои ризик од преоптоварување на електропреносната мрежа во случај на
нерасположливост на клучни блокови во РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј и можноста од
појава на обилни врнежи од снег. Меѓу другото, се анализираат различни
сценарија за избегнување на различни можни кризни ситуации кои се
карактеристични за овој период од годината, како и заштитни мерки, но
состојбата во континуитет се следи.

Во рамки на
седницата беа разгледани и прашањата поврзани со пазарот на електрична
енергија. Во ноември 2024 година, просечната цена на енергијата на пазарот во
РСМ изнесуваше 165 евра/MWh, што е приближно во рамките на цените во регионот.
За јануари 2025 година се очекува зголемена потрошувачка и потреба од
дополнителни набавки, особено за ЕВН Хоме, чие годишно потрошувачко ниво е
зголемено во однос на минатата година.

Во обид да се
обезбеди сигурно снабдување со електрична енергија во текот на зимскиот период,
МЕПСО, заедно со други релевантни институции и компании, презема мерки за
подобрување на инфраструктурата и надминување на дефектите во системот. Особено
важен проект е поставувањето на новиот трансформатор во ТС Битола 2, кој се
очекува да помогне во стабилизацијата на снабдувањето во регионот.

Седницата
на Комисијата беше важен чекор во координирањето на мерките за стабилизирање на
електроенергетскиот сектор, кој во текот на зимата е изложен на поголеми ризици
поради зголемената потрошувачка и можни временски непогоди.

Комисијата
ќе продолжи со редовни состаноци и анализи, особено во периоди на зголемени
оптоварувања на енергетскиот систем, со цел да се идентификуваат потенцијалните
ризици и да се предложат мерки за нивно навремено адресирање.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КРАЖБА ВО ДЕБАРСКАТА БОЛНИЦА Вработена му дала клуч на 42-годишник,

19/10/2026
Македонија

СКОПЈЕ ЈА ПРЕДУПРЕДИ СОФИЈА ЗА ДИПЛОМАТСКИ МЕРКИ Изјавите за Ива

19/10/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГО ОСПОРИ ВЕШТАКОТ НА ГАЗДА ДЕКО, БИЛ ОБВИНЕТ ЗА

19/10/2026
Економија

Ќе плаќате ли поскапо гориво? Дизелот поскапува, бензинот поевтинува во

19/10/2026
Македонија

СДСМ СИ ПРАВИ ВЕСЕЛА МАТЕМАТИКА ПО ПОРАЗОТ ВО БРВЕНИЦА Според

19/10/2026
Македонија

📽️ ВОЗЕЛ МОТОР НА „ЕДНО“ И СЕ СНИМАЛ, НО ВИДЕОТО

19/10/2026
Македонија

dm СО ПРИЗНАНИЕ НА „БИЗНИС ЛИДЕР“ Ја потврди лидерската позиција

19/10/2026
Македонија

РЕШЕНИЕТО ЗА ЈАЗИКОТ НА КОЈ ЌЕ СЕ ПОЛАГА ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ

19/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46261
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КРАЖБА ВО ДЕБАРСКАТА БОЛНИЦА Вработена му дала клуч на 42-годишник, исчезнал пиштол

19/10/2026

Вработена во Општата болница во Дебар му го дала клучот од влезната врата на 42-годишен сограѓанин, по што тој и

СКОПЈЕ ЈА ПРЕДУПРЕДИ СОФИЈА ЗА ДИПЛОМАТСКИ МЕРКИ Изјавите за Ива Михајлова се провокација и мешање

19/10/2026

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ) денеска повикало претставник на Амбасадата на Бугарија во Скопје, изразувајќи незадоволство од

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГО ОСПОРИ ВЕШТАКОТ НА ГАЗДА ДЕКО, БИЛ ОБВИНЕТ ЗА ЛАЖЕН ИСКАЗ Вештакот Русевски смета

19/10/2026

Вештакот Петре Русески, ангажиран од одбраната во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на денешното рочиште рече дека

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy