
Се жени генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, денеска застана на „лудиот камен“.
Свадбената церемонија се одржува во скопскиот локал Мош во парк, каде што се собрани семејството, пријатели, колеги и партиски функционери.
Настанот се одржува во неформална и свечена атмосфера, со жива музика и модерен амбиент.
На свадбата се и неколку високи функционери на СДСМ, меѓу кои и кандидатите за градоначалници за Град Скопје и Куманово, Каја Шукова и Мартин Костовски.
На младенците им посакуваме среќен заеднички живот!