Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ПЛАТИТЕ ВО СЛОВЕНИЈА: Колку ќе заработуваат полицајците, лекарите, наставниците?
Економија

СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ПЛАТИТЕ ВО СЛОВЕНИЈА: Колку ќе заработуваат полицајците, лекарите, наставниците?

06/12/2024

AA

Во Словенија се зголемуваат платите за наставниците, полицајците, лекарите. 

Почетната плата на полицаец ќе биде 1.636 евра бруто, што е зголемување за 34 отсто во однос на претходниот износ (1.219 евра). Се зголемува и почетната плата на висок полициски службеник, од 1.372 на 1.788 евра бруто. Почетната плата на професионален војник ќе биде 1.636 евра. Почетната плата на наставникот ќе изнесува 2.135 евра бруто, што е зголемување за 28 проценти.

Почетната плата на медицинска сестра акушерка ќе биде 1.736 евра бруто. Лекарите специјалисти ќе добијат 4.884 евра бруто. Платата на научен соработник се зголемува на 3.426 евра бруто.

Буџетот за плати во јавниот сектор до 2028 година ќе се зголеми за 1,4 милијарди евра. Просечното зголемување на основните плати се проценува на 19 отсто, што би изнесувало околу 380 евра бруто по вработен.

За работниците на кои сегашната основна плата им е помала од минималната, покачувањата ќе бидат уште поголеми. 

Зголемувањето на платите ќе се спроведува постепено, на шест рати, а првата рата ќе биде на 1 јануари 2025 година, а последната на 1 јануари 2028 година, објави РТВ Словенија.  Од земјите во поранешна Југославија, Словенија има највисоки плати. 

foto freepik.com’claudiodiv

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРЕД ИСТЕКОТ НА РОКОТ, УЈП ИСПРАТИЛА ИЗВЕСТУВАЊА Над 14.000 обврзници

27/01/2026
Македонија

Петмина кандидати во трка за нов државен обвинител!

27/01/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Скопското Кале ќе биде жива културна сцена на градот

27/01/2026
Македонија

912 ПАКУВАЊА СО ТОКСИН ВЕЌЕ СЕ ПРОДАДЕНИ Родители, веднаш вратете

27/01/2026
Македонија

Се тестираат камерите: Затворен за сообраќај во една насока автопатот

27/01/2026
Македонија

„Сејф сити“ пред Уставен суд: Оформени два предмети!

27/01/2026
Македонија

Итно се повлекува формула за доенчиња во Македонија, еве за

27/01/2026
Македонија

И се заканувал на поранешната девојка дека ќе објави компромитирачки

27/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40679
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРЕД ИСТЕКОТ НА РОКОТ, УЈП ИСПРАТИЛА ИЗВЕСТУВАЊА Над 14.000 обврзници добиле пораки за пријавување ДДВ

27/01/2026

Управата за јавни приходи (УЈП) тековно презема активности во рамките на своите надлежности со цел даночните обврзници непречено да ги

Петмина кандидати во трка за нов државен обвинител!

27/01/2026

Идната недела Собраниската комисија за избори и именувања се очекува да ја утврди листата на кандидати за нов државен обвинител.

Ѓорѓиевски: Скопското Кале ќе биде жива културна сцена на градот

27/01/2026

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши работна посета и детален увид на локалитетот Скопско Кале, заедно со министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy