
Се зголемуваат главоболките на Гвардиола: Едерсон се повреди и го напушти теренот
Тукушто се врати Кевин де Брујне, од тимот испадна голманот Едерсон кој денеска издржа само осум минути на голот во дуелот со Њукасл. Бразилецот се повреди во дуел со Вокер и Лонгстаф уште во осмата минута и тоа во ситуација кога играта требаше да биде прекината поради офсајд, но судиите не реагираа. Притоа беше постигнат и гол, но нормално, подоцна поништен.
На Едерсон му беше укажана помош, ама остана во игра до осмата минута кога направи грешка и му ја подари топката на противникот по што стана јасно дека не може да ја продолжи играта и замина во соблекувална.
Проблемите со Едерсон доаѓаат во ситуација кога надвор од тимот веќе девет натпревари е најдобриот стрелец во тимот Ерлинг Халанд.