
Се зголемуваат цените на горивата
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените
деривати во просек за 1,54 отсто во однос на одлуката од 11 септември.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот
пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во
просек за 2,795 отсто, кај дизелот зголемувањето е во просек за 4,080 отсто, кај екстра
лесното масло зголемувањето е во просек за 3,408 и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,562 отсто.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот
период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,475 отсто.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за
2,50 денари за литар.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство на
(ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,00 ден/лит
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на
Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Од 15 септември од 00:01
часот максималните цени на нафтените
деривати ќе изнесуваат:
90,00(денари/литар) | ||
– Моторен | 90,50(денари/литар) | |
– Дизел | 86,00 (денари/литар) | |
– Масло за | 85,00 (денари/литар) | |
– Мазут | 47,304 (денари/килограм) |
Напоменуваме дека ова се максималните цени на
нафтените деривати од 00:01 часот на 15.9.2023 година. Трговците на големо и
трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги
формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од
највисоките утврдени цени.