Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Се зголемува бројот на хоспитализирани ученици од ОУ „Димо Хаџи Димов“
Македонија

Се зголемува бројот на хоспитализирани ученици од ОУ „Димо Хаџи Димов“

27/11/2025

AA

Бројот на ученици од основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае кои бараат лекарска помош расте. Синоќа во Клиниката за детски болести биле примени уште тројца ученици со симптоми како дијареа, повраќање и повишена телесна температура, со што вкупната бројка од последните два дена значително се зголемува.

Првичните анализи упатуваат на сомнеж за труење, изјави директорот на училиштето Мемеди. Сепак, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) предупредува дека конечната причина ќе биде позната по завршување на лабораториските анализи од земените примероци, кои се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Директорката на ИЈЗ, д-р Марија Андонова, потврди дека заради сериозноста на ситуацијата бил направен вонреден инспекциски надзор. Земени се примероци од храната што ја консумирале учениците — млеко, мусли, мусака со месо и кроасани — како и мостри од вода од повеќе точки во училиштето. Дополнително, биле земени брисеви од училници, кујната, приборот и работните пултови.

„Симптоматично е што дел од учениците кои развиле тегоби воопшто не користеле храна од училишната кујна“, истакна Андонова, додавајќи дека седум од пријавените случаи воопшто не јаделе во училиштето. ИЈЗ добил и телефонски пријави од наставници, но без официјална документација.

Контролите опфатиле и три вработени во кујната. Од нив биле земени брисеви од раце, грло и нос, за да се провери можен човечки извор на контаминација. Анализите за водата се спроведуваат паралелно — првите физичко-хемиски резултати не покажале отстапувања, но за микробиолошките тестови потребни се 48 часа.

Во координација со Клиниката за детски болести, каде што се примени дел од учениците, Институтот побара дополнителен материјал за испитување. Лекарите разгледуваат и други можни извори, вклучително и вирусни или паразитарни агенси, кои не мора да бидат поврзани со храната. Дел од резултатите би можеле да пристигнат уште во текот на денот.

Од училиштето „Димо Хаџи Димов“ информираат дека денеска нема нови случаи на сериозни симптоми и дека наставата во најголем дел се одвивала редовно. Градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски, повика на воздржаност од ширење паника и нагласи дека стомачни тегоби во последните денови имал и лично.

Поради инцидентот, активиран е вонреден надзор во уште девет училишта во општината. Истите протоколи за анализа на храна, вода и работни површини ќе се применуваат и таму.

„Сѐ што треба да се направи — се прави,“ изјави Андонова, најавувајќи дека по завршување на анализите ќе се иницираат нови стандарди за безбедност на храна и вода во училиштата и детските градинки. Овие предлози ќе бидат ставени на јавна дебата.

Истрагата е координирана со Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и Центарот за јавно здравје, кои веднаш излегле на терен.

Засега останува отворено прашањето дали станува збор за труење со храна, заразен извор или нешто сосема друго. До пристигнување на резултатите, родителите остануваат во неизвесност, а јавноста очекува брза и транспарентна информација.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy