
СЕ ЗГОЛЕМИЛА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА: Статистика пресмета дека изнесувала 37.876 денари
Се зголемила просечната плата во Македонија. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава била 37.876 денари, и е за 16.4 отсто поголема од истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).
Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во септември 2023 година, изнесувала 56.896 денари.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (25.8 oтсто ), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (24.8 отсто ), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (20.5 отсто).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (11.8 отсто), Образование (10.9 отсто), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (9.1 отсто).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2023 година, изнесува 36.390 денари.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2023 година, изнесува 36.286 денари.
