
СЕ ЗАПАЛИ ТУРИСТИЧКИ БРОД НА РОДОС СО 82 ПАТНИЦИ: Во болница итно пренесено 9-годишно девојче
Туристички брод
со 82 патници се запали на грчкиот остров Родос, и за среќа сите патници се
евакуирани и се на пат кон своите хотели, пренесува rodaki.gr.
Итната помош била
ставена во состојба на готовност, при што деветгодишно девојче е пренесено во
болница со полесни изгореници, како и 50-годишна жена, која исто така се
здобила со полесни повреди.
Според лекарите,
нивната здравствена состојба не предизвикува загриженост.
Пожарот избувнал
на брод со патници на кратко растојание од плажата Стенјон. На местото на
настанот се испратени возила на брза помош, распореден е хеликоптер и известена
е Капетанијата на пристаништата.
