
Се запали машината: Алкараз за 77 минути до осминафиналето во Индијан Велс
За само 77 минути игра, Шпанецот го совлада Оже-Алиасим од Канада со 2-0 (6-2, 6-3) и обезбеди пласман во осминафиналето од првиот Мастерс во сезоната. Според играта, за Алкараз ова беше еден од најдобрите натпревари во 2024 година.
Следен противник на Алкараз, а Фабиан Маросан од Унгарија кој во второто коло го победи 24. носител Жари, а денеска беше подобар од Сејбот Вилд од Бразил.
