
Се запали куќа во Охрид, брзата интервенција спречила ширење на пожарот
Утрово во охридската населба „Кошишта“ се запали станбена куќа.
На терен излегле од Територијалната противпожарна единица во Охрид кои 00:35 часот добиле повик, по што веднаш биле испратени четири противпожарни возила и седуммина пожарникари.
Според информациите, брзата интервенцијата на пожарникарите спречила ширење на пожарот на околните објекти.
Нема повредени лица, а причинета е само материјална штета.