
Се запали автобус – возачот забележал дефект, застанал и ги симнал патниците!
Денеска (29.07.2024) околу 12 часот во СВР Скопје З.М., вработен во ЈСП, пријавил дека додека управувал автобус од Транспортен центар кон с. Бањани, на ул. Христијан Тодоровски Карпош во Скопје забележал дека автобусот има дефект, па застанал и ги симнал патниците, по што настанал пожар во автобусот. До сега нема пријава за повредени лица.
