
Се забранува пливање на плажа во Задар – причина се фекалии?
Забрането e пливање на позната хрватска плажа.
Поради загадувањето не се препорачува капење на плажата Марек во центарот на Задар.
„Градскиот институт ќе го следи квалитетот на морето и ќе ја информира јавноста за прекин на загадувањето на морето“, стои во соопштението.
Неофицијално се дознава дека загадувањето е предизвикано поради излевање на фекалии од канализацијата.
Претходните години имаше забрани за капење на плажите во Дубровник, во Грција и на други дестинации.
