
Се уште се тресе тлото во Турција, се зголемува бројот на земјотреси
По земјотресот од 5,2 степени според Рихтеровата скала што вчера беше регистриран во централна Турција, регистрирани се и неколку помали земјотреси со јачина од 4,8, 4,6 и 4,2 степени.
Покрај тоа, повеќе од 5.700 последователни потреси беа регистрирани по првиот разорен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што ги погоди Турција и соседна Сирија на 6 февруари.
Ова го потврди Јунус Сезер, директор на турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). јт/