Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Се уште нема конкретна иницијатива за уставните измени
Македонија

Се уште нема конкретна иницијатива за уставните измени

28/03/2023

AA

Претседателот на Собраниетo Талат Џафери на денешниот брифинг со новинарите информира дека се уште нема конкретна иницијатива за уставните измени и додаде дека согласно Деловникот пленарната расправа за промена на Уставот е ограничена на три дена по амандман.

– Пресметка на време лесно се прави, од моментот кога ќе имате иницијатива. Од инцијативата произлегува опсегот кој што ќе биде опфатен, во кој правец. Ако нема консензус, напразно зборуваме. Колку и да има амандмани, пленарната и комисиската расправа се ограничени на по три дена за уставните измени. Мојата обврска почнува кога ќе добијам конкретен предлог, иницијатива, рече Џафери.

Тој истакна дека за да може уставните измени да се донесат во ноември, постапката треба да почне во јуни или јули.

Спикерот Џафери рече дека е определен максимумот колку може да трае дебатата во однос на амандманот, односно текстот.

– Тоа се што ќе се договори, можно е да се спроведе, ако се постигне договор. Не е пречка, ниту процедурата, ниту тајмингот, ниту времето. Определено е колку може максимум да трае дебатата во однос на амандманот, односно текстот. И во тој контекст тајмингот не менува многу. Меѓу пленарните седници мора да има по 30 дена, од иницијативата до нацртот 30 дена. Откако ќе се утврди нацртот следи јавна расправа минимум 15 дена, максимум 30 дена. Некоја ориентирана пресметка може да се направи лесно. Јавната дебата ќе биде по сите прашања од 15 до 30 дена, рече Џафери.

Тој информира дека собраниската Комисија за уставни прашања ќе треба да претрпи измени во составот на членовите или замениците членови, поради преминување на пратеници од мнозинството во опозиција.

– Пратениците Павле Трајанов и Сафије Садики Шаини претходно беа дел од владината коалиција, па сега преминаа во опозиција. Сега тие членови треба да бидат заменети со пратеници од владината коалицијата, рече Џафери.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy