
СЕ УРНА СТАРА КУЌА ВО ЦЕНТАРОТ НА БИТОЛА Уништени неколку автомобили

Стара и дотраена куќа попладнево се урна во Битола и целосно уништи неколку паркирани автомобили, јави телевизијата Тера. За среќа, во моментот на уривањето во автомобилите немало луѓе, а на улицата немало минувачи.
Полицијата изврши увид на местото, а жителите на околината се вознемирени. Се работи за паркинг-просторот зад зградата на ЈАТ.
– Падна дел од ѕидот на вашето возило. Полицијата направи записник. Колата веќе не се поправа од што е оштетена. Ќе преземиме правни мерки – изјави за Тера битолчанецот Андреј Терзиевски, чие возило е оштено по падот на ѕидот.
Во Битола, во централното градско подрачје има и други стари куќи кои претставуваат потенцијална опасност за сообраќајот и минувачите низ градот.
.

