
СЕ УРНА КАРПА КАЈ ДУБРОВНИК: Удри во автомобил во кој загина маж
Трагедија се случи на патот кај хрватскиот град Дубровник откако падна карпа врз автомобил, при што едно лице загина.
Утрово, 30 минути по седум часот на хрватскиот државен пат Д-8, над градот Дубровник, се случи тешка сообраќајна несреќа во која загина еден маж, објави Index.hr.
На местото на несреќата починал 31-годишен хрватски државјанин, а повреден е 20-годишен хрватски државјанин кој е пренесен во Општата болница во Дубровник.
Полицијата ја заврши истрагата, а три часа по несреќата сообраќајот е повторно отворен во двата правца.