
Се тресе Македонија – утрово земјотрес со јачина од 2,7 степени
Земјотрес со јачина од 2,7 степени утрово е регистриран во Македонија. Според првичните информации на ЕМСЦ епицентарот на земјотресот е во близина на Гостивар односно Маврови Анови кон границата со Албанија.
Епицентарот е на длабочина од 15 километри и се наоѓа на 42 километри југо-источно од Призрен.
Земјотресот е почувствуван и од другата страна на границата. Во моментов граѓани пријавуваат само дека го почувствувале земјотресот. За среќа нема предизвикано штети.
По македонско време, земјотресот е регистриран во 09 часот и 49 минути.С
Станува збор за редовна сеизмичка активност.
