
Се трага по жена од Куманово, сопругот пријавил дека исчезнала
37-годишна жена од Куманово вчеравечер била пријавена за исчезната од страна на нејзиниот сопруг.
„На 07.12.2023 во 21.45 часот во СВР Куманово, Н.Ц. (42) од Куманово пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга Ј.Ц.(37)“, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и дека во моментов се постапува локално.
