
Се трага по маж од Струга, отишол да собира печурки во планината и не се вратил
На 21.10.2024 во 16.45 часот во ОВР Струга е пријавено дека К.М.(60) од Струга, претходниот ден излегол да собира печурки во планината кај струшкото село Брчево, но не се вратил во неговата викенд куќа во истото село и дека со него не можат да воспостават телефонска комуникација. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

