
Се трага по малолетничка од Битола, мајката се сомнева на ова
На 11 ноември 2024 година, во СВР Битола, Е.У. (38) од село Кременица, битолско, пријавила дека нејзината малолетна ќерка се оддалечила од домот. Според мајката, постои сомнеж дека ќерката се наоѓа во Битола, во друштво на лице со кое била во врска. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на малолетното лице и обезбедување на нејзината безбедност.
