
Се трага по малолетничка, најверојатно заминала кај прилепчанец со кој била во љубовна врска
Триесет и двегодишната А.Н. од Гостивар вчеравечер (5 февруари) во 23 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавила дека околу 18 часот и 30 минути од дома се оддалечила нејзината малолетна ќерка и дека најверојатно заминала со 19-годишно лице од Прилеп со кое била во љубовна врска.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на малолетничката.