Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Одложено судењето за таткото што нападна малолетни фудбалери во Штип за време на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“
Македонија

Одложено судењето за таткото што нападна малолетни фудбалери во Штип за време на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“

18/09/2025

AA

Во Основниот суд во Штип денеска требаше да започне судењето на 43-годишен родител, обвинет дека физички нападнал двајца малолетни фудбалери за време на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“, но рочиштето беше одложено. Причина за одложувањето е барањето на неговиот бранител обвинителниот предлог да му биде преведен на албански јазик, како и да му се обезбеди симултан превод за време на целиот процес. Судењето ќе продолжи на 29 септември.

Основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинителен предлог против 43-годишниот родител за кривично дело – Насилство, извршено на игралиштето „Бело Брдо“ на 24 август. Инцидентот се случил во 89-тата минута од натпреварот, кога судијата додели втор жолт картон и го исклучи од игра синот на обвинетиот, кој настапувал за ФК „Шкупи“.

Незадоволен од одлуката, прво синот реагирал неспортски и со удари се обидел да се пресмета со играч од ФК „Брегалница“. Во тој момент на теренот влегол неговиот татко, кој со тупаници и клоци нападнал двајца малолетни фудбалери, нанесувајќи им телесни повреди – набиеници и скршеница на нос без дислокација. Публиката брзо интервенирала и спречила поголема ескалација, информираше ОЈО.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) веднаш реагираше со дисциплински мерки. Играчот на „Шкупи“ со број девет, чиј родител е во притвор, доби најстрога санкција – исклучување од сите фудбалски организации. Двајца негови соиграчи, кои исто така учествувале во инцидентот, се суспендирани од натпревари три месеци. Казна од четири натпревари доби и 15-годишен играч на „Брегалница“, кој реагирал со груба игра и самозаштита при нападот. Казнети се и двата клуба.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy