Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Поранешната директорка на Националната агенција за европски програми осудена на две години затвор
Македонија

Поранешната директорка на Националната агенција за европски програми осудена на две години затвор

18/09/2025

AA

Основниот кривичен суд Скопје ја прогласи поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, за виновна за злоупотреба на службена положба и овластување, и ја осуди на казна затвор од две години.

Димова исто така е должна да плати судски паушал од 10.000 денари, да ги покрие судските трошоци и во рок од шест месеци да ја надомести штетата од 22,7 милиони денари што ја претрпела Националната агенција.

Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска ја ослободи Димова од делото измама, како и третообвинетата Ана Павлиду за „несовесно работење во службата“.

Според судот, Димова со нестручно и несовесно постапување овозможила противправна имотна корист на трети лица, при што била предизвикана штета од 2,818 милиони денари на европските фондови.

„Во делот на измама на штета на европски фондови, не е опишан начинот на кој е извршено делото и не е наведено како биле искористени лажните податоци. Без вакви елементи, недостига основ за делото измама и судот беше спречен објективно да оцени дали обвинетата пропуштила и дала невистинити податоци и со тоа предизвикала штета на фондови на ЕУ. Поради тоа, судот донесе ослободителна пресуда за овој дел“, изјави судијката.

Обвинението против Димова беше поднесено во јуни 2022 година. Според Обвинителството, во периодот од 2018 до 2020 година, како директор на Националната агенција, Димова ја злоупотребила својата службена положба со цел да прибави значителна имотна корист за други лица. Таа постапила спротивно на Законот за јавни набавки и Законот за основање на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, непочитувајќи ги начелата на законитост, еднаквост и јавност.

Со тоа што не објавила јавен конкурс и не постапила совесно, стручно и непристрасно, Димова ги дискриминирала потенцијалните кандидати и овозможила повластување на надворешни лица кои биле ангажирани како соработници, експерти и обучувачи.

Застапник на обвинението беше обвинителката Сузана Мирческа Кузмановска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy