Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЕ ТРАГА ПО ЧЕТВОРИЦА ИДНИ ДИРЕКТОРИ НА ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ – Владата распиша оглас, еве кои се условите и кои позиции ќе се пополнуваат
Економија

СЕ ТРАГА ПО ЧЕТВОРИЦА ИДНИ ДИРЕКТОРИ НА ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ – Владата распиша оглас, еве кои се условите и кои позиции ќе се пополнуваат

17/02/2025

AA

Владата распиша оглас за пријавување
кандидати кои би раководеле со четири институции во државата. На веб страната
на Владата објавени се огласи за пријавување кандидати за директорските места
на Агенцијата за храна и ветеринарство, за Државен санитарен и здравствен
инспекторат, ќе се бара нов директор и за инспекторатот за локална самоуправа,
како и за Државниот пазарен инспекторат.

За кандидатите за директори условите се скоро
исти, како и за повеќето раководни позиции во земјава.  Идните директори мора да се државјани на
Република Македонија, во моментот на именувањето не смеат да имаат изречена
казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или
должнос
т. Секако кандидатите треба да имаат високо образование и солидно
познавање на англиски јазик или друг светски признат јазик со меѓународно
признат сертификат.

Идините директори на Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат мора да имаат најмалку пет години искуство во областа. Дополнително
директорот на санитарниот инспекторат мора да има високо образование од областа
на медицината.

Што се однесува пак до кандидатите кои би
сакале да конкурираат за директорските позиции на Државниот инспекторат за локална самоуправа и Државниот пазарен инспекторат мора да знаат дека Владата одредила оти идните директори
мора да имаат шест години искуство.

За директорската позиција на пазарниот
инспекторат, кадидатите треба да имаат завршено високо образование од областа
на економијата, правото, бизнис, администрацијата, машинската,
електротехничката, технолошката струка
или друга соодветна струка поврзана со
надлежностите од членот 8 од Законот за државен пазарен инспекторат.

Но, покрај овие услови, Владата бара
заинтересираните кандидати да пополнат и посебен образец со кој треба да го
опишат кариерниот развој во последните 10 години. Но и да го наведат
досегашното знаење за законите и актите кои ја уредуваат директорската позиција
за која конкурираат. Воедно кандидатите ќе треба да посочат и свои концепти и
модели за управување со институцијата, особено за првата година од работењето.

Се бара и други познавања на областа која се уредува, а деталите може да ги
видите на овој линк. 

Платата за овие директорски позиции не се
објавена, но во огласите се напоменува дека „коефициентот за пресметување е
утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на
платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија“.

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy