
Се трага по 86-годишно лице од Скопје – се договорил да се сретне со пријател во Велес, но не стигнал!
На 12.04.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Велес, М.Д.(75) од Велес пријавил дека неговиот пријател Н.С.(86) од Скопје, со кого се договориле да се сретнат во Велес, не стигнал кај него.
Според пријавеното, тој не бил најден ни во неговиот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

