
Се трага по 4 маскирани мажи кои ограбија златара во Гостивар
Основното јавно обвинителство во Гостивар информира дека јавен обвинител во текот на ноќта и утрово издал повеќе наредби и насоки со цел расветлување на грабежот што се случи во Гостивар.
Како што соопштија од Обвинителството, преземени се активности за прибирање на докази и утврдување на идентитетот на сторителите.
Од Обвинителството најавуваат дека јавноста ќе биде информирана веднаш по утврдување на повеќе детали за настанот и идентификацијата на сторителите.